Шест корисници на мобилната мрежа на Телекабел станаа добитници на најновиот iPhone 16 PRO MAX. Наградното доделување, кое привлече огромно внимание и интерес од страна на корисниците, беше во рамки на континуираните напори на Телекабел за наградување на лојалните корисници и создавање моменти на среќа.
Од ноември 2024 година, кога започна наградувањето, до април 2025 година, кога се додели последниот мобилен телефон, беа организирани шест круга. За да учествуваат, корисниците требаше да одговорат на едноставни прашања преку СМС порака. На бројот 74 74 74 во секој круг пристигнуваа одговори од активни корисници на Телекабел. Во секој изминат круг, корисниците добиваа уникатен ID број, кој им го овозможи учеството во извлекувањето преку Тркало на среќата, што беше реализирано во присуство на жири-комисија.
Од вкупно шест добиници, двајца беа од главниот град, а останатите од Кочани, Македонски Брод, Валандово и Свети Николе. Секој круг беше вистинска атракција и носеше нова шанса и неизвесност за тоа кој ќе ја освои големата награда.
Телекабел продолжува со организирањето на наградувања и кампањи со цел да ја награди лојалноста на своите корисници. Ним не само што им се овозможува најнова технологија и одлични пакети и услови, туку и фантастични подароци.