Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим следете ја нашата страна и инфо канал каде се објавуваат потребите за нови работни места, или испратете го вашето Cv на: rabota@tk.net.mk за да го имаме во предвид при отварањето на позицијата за која сте пријавени.
Со својот брз развој Телекабел секогаш фокусот го ставаше на вработените. Технологијата е многу важна, но таа само претставува добар темел, а вработените се тие кои ги реализираат сите идеи, проекти и развој на компанијата.
Од компанија со десетина вработени, Телекабел денес е фирма со над 200 вработени. Тој број секојдневно расте бидејќи фирмата бележи пораст на приходите и корисниците и работи на развој на својата мрежа во нови населби и градови.
Телекабел вложува во својот кадар и во компанијата работат прекрасни луѓе кои се со многугодишен стаж во Телекабел и ги учат помладите колеги на вистинските вредности за една компанија – да ја сакаат и почитуваат, да бидат лојални и да го даваат својот максимум за подобра иднина на сите вработени. Горди сме што Телекабел е расадник на добар кадар, а пред се на добри и чесни луѓе.