Новата промоција „ДУПЛА БРЗИНА ЗА 100 ДЕНАРИ“ веќе е активна за сите корисници на оптичкиот интернет на Телекабел. Водечкиот македонски провајдер на интернет и телекомуникациски услуги повторно го подигнува стандардот со понуда што овозможува двојно побрз и подобар интернет. Двојната брзина е достапна без промена на пакет, без скриени трошоци и без долги процедури.
Иницијативата е во рамки на континуираните напори на Телекабел да обезбеди висококвалитетни услуги по достапни цени. Промоцијата е достапна за сите постоечки корисници на интернет услугите на компанијата, кои можат да ја удвојат брзината на својот интернет пакет за дополнителни 100 денари месечно, но и за сите нови корисници.
„Нашата цел е на корисниците да им овозможиме најдобро искуство при користење на интернетот. Со оваа промоција сакаме да покажеме дека сме посветени на иновации за задоволување на потребите на нашите клиенти“, велат од Телекабел.
Телекабел е познат по својот пристап „корисникот пред сè“, а оваа промоција е уште еден доказ дека компанијата не само што е во чекор со технолошките трендови, туку и креира свои. Со широка покриеност во десетици градови и рурални населби, Телекабел не прави компромис кога станува збор за квалитетот на услугата и искуството на клиентите.