На 15 јануари 1997 беше направен првиот приклучок на кабелската телевизија од Телекабел, кој ден-денес, е водечки телекомуникациски оператор. Тоа тогаш беше симболичен и храбар почеток со една иновативна идеја, а денес е доверба, квалитет и технолошки напредок за илјадници корисници ширум земјава.
Телекабел одамна не значи само кабелска телевизија, туку и развој на оптичка инфраструктура, брз и стабилен интернет, дигитални платформи, мобилни услуги и уникатни содржини достапни за секое семејство. За овие 28 години има развиена мрежа во многу општини, модерни технолошки решенија и услуга на највисоко ниво.
Но мисијата на Телекабел не е само да обезбеди технолошко поврзување, туку и меѓучовечко. „Ние не градевме само мрежи, туку и релации – со корисниците, со вработените, со заедницата“, вели менаџерскиот тим. Бројни вработени се дел од големото семејство, а многумина од нив растат и напредуваат заедно со компанијата. Односите се темелат на принципите на чесна работа, транспарентност, необврзувачки договори и безрезервна поддршка за заедницата.
Неколку години Телекабел е меѓу 200-те најуспешни компании во Македонија, што е доказ за визијата, упорноста и вербата во квалитетот. Телекабел е пример за општествена одговорност и стабилен партнер на своите корисници, а тој резултат мотивира да се продолжи со беспрекорната техничка поддршка и грижата за секој детал.
Годините нека донесат уште повеќе успех, нови достигнувања и напредок за компанијата, сите вработени и корисниците кои секојдневно го избираат најдоброто!