Оптички интернет, телевизија и мобилна телефонија во еден единствен пакет – ДУО. Потребата за квалитетна и достапна дигитална услуга е сѐ поголема, а Телекабел одговара на потребите на своите корисници. Новиот пакет ДУО е дизајниран за корисници кои сакаат брз интернет, богата телевизиска содржина и мобилни услуги без дополнителни трошоци и сложени претплати.
За месечна цена од 1800 денари добивате:
- Оптички интернет со брзина до 150/150 Mbps – стабилна и сигурна конекција, идеална за работа од дома, онлајн учење и забавни содржини;
- 130 дигитални ТВ канали, достапни на до четири уреди истовремено – со содржини што ги покриваат интересите на сите генерации;
- Две SIM картички со неограничени разговори и 20 GB мобилен интернет – на 5G мрежа за брза и квалитетна мобилна поврзаност.
Мобилните услуги може да се надградат со дополнителни 20 гигабајти интернет за 200 денари или со 150 гигабајти за 300 денари месечно.
„ДУО е концепт на поврзаност што им овозможува на корисниците да добијат сѐ што им е потребно за комуникација, работа и забава, на едно место и по пристапна цена. Тоа е израз на нашата заложба за комплетно телекомуникациско решение за нашите корисници“, велат од Телекабел.
Со ДУО, Телекабел го зацврстува својот статус како компанија што знае како да одговори на потребите на своите корисници, компанија која е подготвена да ги следи трендовите и да ги предвиди барањата. Пакетот е идеално решение за семејства, млади, студенти и сите кои сакаат сигурност и квалитет без компромиси.
ДУО Пакетот како и сите услуги на Телекабел е без обврзувачки договор и тоа го прави идеално решение за студентите , деловните и физички лица кои се под закуп на просторот во кој го користат. Едноставно, го користиш додека имаш потреба, а не додека имаш договор!