Додека светот брза напред, Велес предничи. Благодарение на Телекабел, древниот Велес е прв град каде оптичкиот интернет е секојдневие и со право може да ја добие титулата „град на оптиката“. Од Тунел до Башино Село, од Центар до Превалец и Оризари – најсовремената мрежа од оптички влакна на Телекабел, која носи стабилен, брз и безбеден интернет, е во сечие домаќинство.
Градот со богата историја и индустриско наследство денес е симбол на дигитална трансформација. Благодарение на стратегиската поставеност на Телекабел, оптичкиот интернет веќе е реалност за сите.
Брзиот интернет е комплементарен на брзиот живот кој што се живее. Оптичкиот интернет им овозможува на жителите во Велес онлајн работни состаноци, учење од далечиња, одлична телевизија, гејминг или следење спорт во 4K. А Телекабел нуди постојана и достапна поддршка.
Технологијата веќе е наша реалност, а кога го имаме Телекабел, имаме и локална поддршка, пријателски пристап и реална цена. Тоа се причините поради кои велешани се целосно префрлени на оптика. А за Телекабел корисникот е приоритет.